Чувајте ги домовите студени, затворајте ги прозорците во текот на денот, отворајте ги навечер, избегнувајте ја топлината, не излегувајте за време на најтоплиот дел од денот, избегнувајте тешка физичка активност, кога стоите или кога се движите бидете под сенка, туширајте се со студена вода, носете лесна облека од природни материјали, шапка, очила за сонце, пијте многу вода, пијте природни и незасладени сокови, не пијте алкохол и сокови со шеќер, не ги оставајте децата и миленичињата во паркирани возила, побарајте медицински совет ако имате хронична медицинска состојба или земате повеќе лекарства.

Ова се препораки од Републичкиот завод за здравствена заштита заради намалување на здравствениот ризик што може да го предизвикаат топлотните бранови и екстремно високите температури.

Ohridnews