Еден разбојник од Полска се обидел да ја излаже полицијата која била во потрага по него, така што се завиткал во тепих.

Мирослав Дабровски (32), се замотал во тепих, се исправил и се потпрел на ѕидот од терасата во станот на својата тетка во Варшава, додека полицијата го пребарувала станот.


Бил пронајден после 2 часовното пребарување, кога еден од полицајците излегол на терасата да запали цигара и забележал дека тепихот „се тресе од студ“.

На Дабровски му се заканува казна затвор од 12 години поради вооружен грабеж на козметички салон во Варшава.