Охридските ракометни надежи забележаа победа 20-17 (10-7) над своите врсници „Филип Вардар“ од Прилеп во мечот кој се одигра во „Тодор Александров“.
До втората победа сезонава пионерите на Охрид стигнаа со рутинска игра во двата правци, не дозволувајќи им на гостите ниту да помислат за позитивен резултат.
Играчите покажаа големо познавање на ракометот и најавија атак на шампионската позиција на табелата.
Мх.П.