Ракометарите на Охрид во младинска конкуренција го продолжија триумфалниот низ во лигата совладувајќи го Пелистер со 30-22 (16-11) во Битола.

До 12-от триумф во исто толку одиграни мечеви охридските ракометари стигнаа со сигурна игра во текот на целиот натпревар. „Зелено белите“ само на стартот се заканаа, но потоа се` беше во знакот на охриѓани кои на дело го покажаа сиот свој квалитет.

Со победата во Битола, ракометарите на Охрид математички го обезбедија првото место на табелата и пласманот во завршницата. За второто место во групата каде се наоѓа Охрид ќе се борат Струга и Работнички, додека од втората група Металург 2 е сигурен патник а битка водат Ракометната школа КЛ-7 и Вардар Јуниор.

OhridNews