Ракометарите на Вардар со победа ја отворија сезоната во Лигата на Шампионите, откако рутински славеа против Кристијанштад 28-23 (15-12).


Отпорот на Кристијанштад траеше десетина минути, кога домашниот тим ја оствари максималнатата предност од три гола (7-4). По минутата одмор на Раул Гонзалес, Вардар најпрвин ја консолидира одбраната, Штербик влезе во ритам, а како резултата на цврстата зона прорабте нападот и врадарци со серија 7-1 го свртеа резултатот за 11-8.

Во продолжение на мечот Кристијанштад само еднаш се закани кога стигна до гол негатива 11-10, Вардар лесно се врати во позитивниот ритам, три гола на полувреме, потоа и максимална предност од 25-18, во второто полувреме, за конечен триумф 28-23.

Штeрбик мечот го заврши со 13 одбрани, а најпрецизни во составот на Вардар беа Душебаев (7 голови) и Карачиќ 5 голови).

Вардар во второто коло, во Б групата, на 1.октомври (17:30 часот) ќе го пречека Мешков Брест. 

OhridNews