Охридските бели запишаа нови три бодови на табелата во Супер лигата победувајќи го рутински составот на Работнички со 38-28 (18-15) во 10-та рунда од шампионатот.


Пулените на охридскиот стратег Горан Андоновски до осмата победа сезонава во елитата стигнаа со половина сили кои ги чуваа(т) за дуелот кој ги очекува против Еурофарм Работник.

По трите егали на почетокот од мечот, „гладијаторите“ со серија од 6-0 се одлепија на 9-3 и тргнаа кон триумфот.


Комфорноста во домашниот состав ја искористија гостински ракометари кои до крајот на првиот дел намалија на минус три (18-15).

На стартот од второто полувреме Охрид со нова серија овој пат 7-1 се одлепи на (25-16) и ги врати работите во колосек.


Големата предност ја искористи домашниот стратег Горан Андоновски да му даде шанса на младинците Наум Костов, Мартин Иваноски и Михајло Најдески кои со погодоци ја кренаа публиката на нозе.

В петок ракометарите на Охрид ќе ја комплетираат трилогијата мечеви на домашен терен, откако ќе се судрат со Еурофарм Работник.


Р.К. Охрид: Стојановски (16 одбрани), Трајкоски, Најдески 1, Андоновски, Ивановски 2, Младеновски 2, Блажески, Костов, Новаковиќ 4, Спасовски, Јанев 4, Кобетиќ 1, Адамовиќ 11, Кежиќ 1, Трифуновски 5 Белевски 7.

Р.К. Работнички: Куртановиќ (5 одбрани), Алушовски (2 одбрани), Алексовски, Симоновски 9, Гајиќ 4, Тасев 5, Јованов 2, Бојковски, Бочкаровски, Василевски 4, Шулевски 2, Коџоман 2, Милошевски.

Мх.П.