Угледниот светски бизнис-магазин „Форбс“ рутата од Преспа до Охрид преку Галичица ја препорачува како една од 20-те најдобри дестинации за возење во Европа. Интернет изданието на „Форбс“ Македонија ја сврстува меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа на топ-листата за пејзажни возења која магазинот ја прави по мислење на експерти кои предлагаат свои фаворити.
Македонија се најде на топ листата на „Форбс“
Рутата од Преспа до Охрид преку Галичица е предложена од Кристофер Делисо, патописец за “Lonely Planet“ и автор на најновиот патопис „Скриена Македонија“ кој неодмна беше промовиран во Лондон. Делисо препорачува „патување од Преспа до Охридското Езеро, кое нуди единствен поглед на Преспанското и Охридското Езеро“.
Експертите на „Форбс“ за секоја дестинација предлагаат возило за патувањето, а за рутата од Преспа до Охрид преку се препорачува новиот “volkswagen bug“.
ohridnews