Денес во рамки на фестивалот Охридско лето, со почеток во 21 часот, во црквата Св. Софија е настапот на триото Брамс кое го сочинуваат Наталија Рубинштајн – пијано, Николај Саченко – виолина и Кирил Родин – виолончело.


Брамс триото е единствениот руски камерен состав што настапувал во Големата сала на „Брукнерхаус“ во Австрија и Големата сала на „Чемал Решит Реј во Истанбул“.  Како дипломирани студенти на московскиот „Чајковски“ конзерваториум и руската академија за музика „Гнесина“, членовите на Брамс триото се следбеници на руската изведувачка школа и високите идеи на музичкото образование. Брамс триото настапува со непроменет успех во најдобрите сали на Москва, Санкт Петерсбург, Брисел, Виена, Варшава, Загреб, Истанбул, Рим, Мелбурн, Сеул итн. Триото соработува со истакнати музичари.

Желбата да се направат најдалечните делови на огромната татковина, духовно поблиски до културата на големите градови, ги направи образовните патувања на триото во областите Урал, Далечен Север и Поларниот Регион, составен дел од уметничкиот живот на ансамблот. Во 1999, под покровителство на Министерството за култура на Руската Федерација, Московското државно академско филхармониско друштво и Гете институтот, Брамс триото почна со креација на антологија на руските пијано триа. Во 1998 и 2006, триото е наградено со грант од рускиот Претседател.

Ohridnews