Претставник на руското Министерство за одбрана денеска објави дека нуклеарната централа Запорожје може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на областа на централата, што Киев негира дека го прави.

Игор Кирилов, шефот на руските сили за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, рече дека украинските напади ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа и дека во случај на нуклеарна несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка.

Кирилов рече и дека акциите на украинските вооружени сили на територијата на нуклеарната централа може да доведат до ситуација слична на нуклеарната несреќа во Фукушима.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска објави тврдења дека Украинците утре планираат да извршат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол.

OhridNews