Руските власти ќе го контролираат производството на алкохолни пијалоци од вселената преку сателитски фотографии направени со помош на инфрацрвени зраци како би го утврдиле идентитетот на оние кои нелгално произведуваат водка, или прават поголеми количини од дозволените. Минатата година бројот на фирми на кои им е дозволено производство на алкохол бил намален за половина, но некои производители продолжиле со својата работа иако ја изгубиле дозволата. Извори навеле дека федералните власти за регулирање на производството на алкохол благодарение на сателитските снимки успеале да идентификуваат некои од нелегалните производители.
Експертот Борис Дворкин, меѓутоа, истакнал дека таквата контрола е многу скапа бидејќи секоја фотографија со висока резолуција чинела околу 400 евра. Освен тоа претставници од судот изјавиле дека се сомневаат во тоа дека такви докази би можеле да бидат употребени на суд, истакнувајќи дека контролата на производство на алкохолните пијалоци мора да се одвива според строга процедура. Од последици на алкохолизам во Русија секоја година умираат половина милион луѓе, додека просечниот живот на мажите во Русија е пократок од мажите во Бангладеш или Хондурас.