Руските сили се повлекуваат од украинскиот северен регион Чернихив, изјави гувернерот Виачеслав Чаус.
Сè уште се можни воздушни и ракетни напади во регионот, никој не го исклучува тоа, посочи Чаус.
Тој додаде дека украинските сили влегуваат и ги обезбедуваат населби кои претходно беа под контрола на руските војници.
Русија на 29 март соопшти дека ќе ги намали операциите околу Чернихив и главниот град Киев во обид да ја „зајакне меѓусебната доверба“ во мировните преговори.
Претходно, украински владини претставници изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.
Игор Сапожко, градоначалникот на Бровари, лоциран североисточно од Киев, наведе дека руските сили заминале од околината на градот.Руските сили не го зазедоа Бровари и покрај тешките борби во соседните села.
Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович на Телеграм објави дека украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев. Според него, украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села во јужниот регион Херсон. Додека Херсон, е единствениот голем украински град заземен од руските сили.
OhridNews