Руските вооружени сили го уништија штабот и базата на националистичкиот баталјон „Дњепар“ со проектили со висока прецизност, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.
Тој истакна дека штабот и базата на националистичкиот баталјон „Дњепар“, каде што пред неколку дена пристигнало засилување од странски платеници, биле уништени со високопрецизни ракети од морето во населбата Звоњецкое во областа Дњепропетровск, пишува московскиот весник Известија.
Конашенков нагласи дека при ракетниот напад во областа на населбата Старобогдановка во областа Миколаев и на воениот аеродром Чугуев се уништени лансери на украинските системи С-300.
OhridNews