Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи на социјалните мрежи објави дека во град Северодоњецк е под напад на руските сили и оти горат десет облакодери. Тој додаде дека нема информации за жртвите.
Северодоњецк е привремено седиште на регионалната власт на Луганск, откако истоимениот град е под контрола на проруските сепаратисти.
Северодоњецк, кој пред војната имаше повеќе од 100.000 жители, е најисточен град под контрола на украинската армија.
OhridNews