Рускиот пиштол ГСХ-18, најлесниот пиштол на светот, способен е да го пробие секој панцир кој е направен досега. Неговите дизајнери од одделот за дизајнирање и развој на оружје во Тула, Русија гарантираат за можностите на овој пиштол.


Пиштолот без проблеми пробива челична плоча со дебелина од 8 милиметри. Дизајнерите веруваат дека овој пиштол ќе го замени легендарниот Макаров пиштол.