Рускиот град Сочи ја доби организацијата на зимските олимписки игри кои се на програмата во 2014 година. Утринава на заседанието на ИОК во Гватемала, делегатите дадоа најмногу гласови за кандидатурата на Сочи која беше презентирана од претседателот на Русија Владимир Путин, кој со својот говор на четири различни јазици ги воодушевил делегатите. Сочи собра 51 глас само четири повеќе пред јужнокорејскиот град Пјончанг.

Во првиот од гласањето беше елиминиран австрискиот град Салзбург.

Откако претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог го отвори пликот во кој беше напишан организаторот на ЗОИ во 2014 година, сосема очекувана голема радост на русите, додека во Јужна Кореа љубителите на спортот беа разочарани и лути поради ваквото гласање на делегатите.

Членовите на организацискиот одбор од Русија најавија дека државата ќе вложи 12 милијарди долари за инсфраструктурата и организацијата на игрите.

М.Постоловски