Рускиот фудбалер Александар Козлов почина денеска на 29 – годишна возраст од срцев удар предизвикан од згрутчување на крвта.

Козлов, како што објавија руските медиуми, колабирал за време на тренингот со екипата на Зорка од Красногорск.

Рускиот фудбалер, кој играше на позициите напаѓач и во средниот ред, своевремено настапуваше за рускиот гигант Спартак Москва, за кој одигра 28 натпревари и постигна еден гол.

Сите во црвено – бело ги шокираше веста за смртта на поранешниот напаѓач на Спартак, Александар Козлов. Саша имаше само 29 години. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите, соопшти московски Спартак.

OhridNews