Руски воен авион се урна во двокатна куќа во сибирскиот град Иркутск при што загинаа двајцата пилоти, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Несреќата се случила за време на пробен лет со авион Су-30. Жртви меѓу населението нема. Избувнал пожар што зафатил околу 200 метри квадратни, но брзо бил ставен под контрола.

Архивска фотографија Сухој 30.  Фото: Alex Beltyukov. http://russianplanes.net/id145423, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=38823397[/caption]

Тоа е втор таков инцидент во рок од шест дена. Минатиот понеделник, борбен авион Су-34 се урна пред станбен блок во јужниот град Ејск, во близина на Украина, при што загинаа најмалку 15 луѓе.

OhridNews
Архивска фотографија: Алекс Белтјуков/Викимедиа