Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.
Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор. Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон.
Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници.
Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.
Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили.
Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.
OhridNews