Во делегацијата ќе бидат присутни туроператори од културниот и винскиот туризам како и новинари од реномираната телевизиска куќа НТВ.
Во земјава ќе допатува и претставник од федералната агенција за туризам на руската федерација со која заедно ќе ја градиме стратегијата за влез и промоција на Македонските туристички потенцијали на Московскиот туристички пазар за наредната година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.