Турист од Русија бил казнет со 20 илјади евра бодејќи на ѕидот на Колсеумот во Рим ја врежал буквата К, известиле властите во Италија. Добил и условна затворска казна од четири години. Буквата од дури 25 сантиметри ја врежал со помош на шилест камен, а бил забележан од чуварите.
Водителката во Колосеумот Мариаросариа Барбера рекла дека посетителот од Русија направил поприлична штета на надворешниот дел од амфитеатарот. Тоа е петти случај на вандализам оваа години на овој историски споменик, јавуваат медиумите. Еден австралиец и неговиот 12-годишен син исто така ги напишале своите имиња на ѕидот, додека тинејџер од Канада се обидел да украде еден камен за спомен, исто како и еден турист од Бразил.