Во текот на нивниот престој тие ќе посетат повеќе места во земјава и знаменитости кои би можеле да бидат интересни за туристите од Русија.
Руските тур-оператори ќе ги разгледаат и сместувачките капацитети, а ќе ќе бидат реализирани и средби со домашните туристички агенции и компании од секторот туризам.
Посетата на тур-операторите од Русија, што ја организира Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, е во функција на зголемување на бројот на туристи од Русија, за што веќе е планирано и воведување на чартер летови од Москва до Охрид започнувајќи од 26 -ти јуни.