Украинските сили денеска се бореле со руските војници на улиците на североисточниот украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов.

Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот, рече Синегубов. Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат, додаде тој.

На видеата објавени од Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи, и Украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, се гледаат неколку воени возила кои се движат по улица и, одделно, запален тенк.

Ситуацијата во Киев е мирна, главниот град е целосно е под контрола на украинската армија и одбранбените сили, рече Микола Поворозник, првиот заменик-шеф на градската државна управа на Киев, во изјава објавена непосредно пред 7 часот по локално време.

Русија претрпе значителни загуби во четвртиот ден од војната против Украина, при што Украинските одбранбени сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле 18 хеликоптери, 16 авиони, 102 тенкови, 540 борбени возила, еден ракетен систем Бук.

Официјален Киев соопшти дека Русија загубила 3.000 воен персонал.

Украина формира странска легија за волонтери од странство

Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја, нагласи Зеленски во изјавата.  

OhridNews