Македонската ракометна репрезентација против Русија (20.15 ч) ќе ги отврои натпреварите во главанта рунда.

Огромно засилување во втората фаза за македонскиот состав е враќањето на капитенот Валентина Радуловиќ. Заморот ќе биде главниот проблем на девојките, кои немаа многу време да се одморат по пеколниот натпревар против Србија.


Првиот натпревар во оваа фаза против Русија ќе покаже какви се дострелите на оваа репрезентација. Победа не води високо на табелата и надеж дека може да се замешаме во борбата за медал.

После вечерашниот меч, следува ден пауза за ракометарките, по што следуваат дуелите со Шведска во среда, односно Белорусија во четврток.

М.П.