Претставници на Рускиот институт за Славистика започнаа да го истражуваат македонскиот јазик кој го говорат Македонците во Албанија, јавува „Макфакс“.
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај и потпретседателот Незир Меча и неколку членови на друштвото осварија средба со Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва Руска Федерација.
Според претседателот на здружението на Македонците „Илинден“ Никола Ѓурѓај, познатиот руски истражувач на средбата со Македонците во Тирана бил информиран за дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот празниците, свадбите, крштевките, обичаи и околу живот на Македонското национално малциство кое живее во Тирана.
Посебно рускиот истражувач бил информиран за македонскиот дијалект кој се говори во Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци. Истражувачот Макарцев информира дека по оваа посета ќе следат и други посети заради истражување на македонскиот јазик и дијалекти на Македонците кои живеат во Албанија.
OhridNews