Руската колонија во Вардар ќе има нов член, откако клубот договори соработка со Сергеј Горпишин кој дејствува на пикерската позиција во екипата.
Младиот ракометар кој има само 21 година ќе биде замена за бразилскиот интернационалец Мораеш кој ќе се пресели во Веспрем по завршување на сезоната.
Горпишин кој настапува во германскиот бундеслигаш Ерланген има репрезентативно искуство и во Вардар ќе треба да го продолжи својот развој.
- Вардар сака да види како ќе се развивам, па потоа може да планираме и нешто повеќе во иднина. – изјави кратко новиот ракометар на Вардар.
Горпишин следната сезона ќе им се придружи на староседелците и сонародниците Тимур Дибиров, Сергеј Горбок и Данил Шишкарев кои веќе неколку години го носат дресот на Вардар.
OhridNews