Руски агенти потрошиле десетина илјади долари на огласување на интернет непосредно пред претседателските избори во САД, соопшти компанијата „Гугл“. Како што пренесуваат светските медиуми, „Гугл“ за првпат дал докази дека руските оперативци користеле платформа на компанијата во обид да се вмешаат во изборите. „’Гугл’ пронашол дека десетина илјади долари се потрошени на огласи кои имале задача да шират дезинформации низ производите на ‘Гугл’, вклучително и ‘Јутјуб’“.
Изворот на финансирањето на рекламите не е „фарма на тролови“ која е поврзана со Кремељ, што се толкува како знак дека рускиот обид за ширење дезинформации го шири проблемот многу повеќе. Претходно било потврдено дека на „Фејсбук“ имало околу 3.000 реклами кои ги платила руска Агенција за пребарување на интернет.
„Некои од рекламите, кои чинеле околу 100.000 долари, требале да овозможат корист за Доналд Трамп, Берни Сандерс и кандидатката на Зелените, Џил Стајн, за време на кампањата. Другите промовирале антимигранстки ставови и расистички анимозитет“, се додава во соопштението.
OhridNews
Макфакс