Дваесет руски научници се приморани да го напуштат својот камп кој се наоѓа на пловечка санта мраз на Арктикот кој започнал да се топи побрзо од планираното.
Руските научници во септември минатата година инсталирале истражувачка станица наречена “North Pole 35”. Станицата била поставена на санта мраз која тогаш била долга околу 5 километри а широка 3 километри.
Тие планирале на оваа санта мраз да останат до септември но нивната санта мраз се смалила и сега е 600 метри долга, а широка 300 метри.
Евакуацијата на руските научници и нивниот камп ќе биде започната за неколку денови.Тие ќе бидат префрлени во руското пристаниште МУрманск.