Руски научници, опколени со поларни мечки на Арктичкиот океан, може да чекаат помош повеќе од месец дена, пренесува Гардиан, пишува „Макфакс“.
Пет научници на метеоролошката станица на островот Трјон северно од Сибир веќе две недели се опколени од 10 мечки.
Мечка ја поминува ноќта под прозорот на станицата. Од станицата исчезнале сигналните ракети со кои се служат за да ги спречат животните да доаѓаат околу нив.
Васил Шевченко, шеф на станицата, вели дека ќе бидат испратени кучиња и сигнални ракети преку бродот Михаил Сомов.
Тој додава дека до станицата ќе стигне за околу еден месец. Сите метеоролошки активности кои барале заминување до оваа локација за истражување се прекинати.
OhridNews