Две руски мини подморници се спуштија на дното од Бајкалското Езеро, јавија руските новински агенции.

Агенциите ја пренесуваат изјавата на организаторите на оваа научна експедиција кои изјавиле дека подморниците Мир – 1 и Мир – 2 се спуштиле на длабочина од 1.680 метри за да дојдат до дното на најдлабокото езеро на светот кое поседува најголема количина на слатка вода.


Научниците планираат да земат примероци од различни длабочини за да спроведат геолошки и биолошки тестови. Еден од членовите на експедицијата, Анатолиј Шагалевиќ, изјавил дека научниците можно е да пронајдат нови животински видови на дното на езерото, како и можни залихи на плин и нафта.

Активистите за заштита на животната средина тврдат дека загадувањето го загрозува Бајкалското Езеро.