Руските медиуми пренесуваат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Владимир Путин, пристигнал во Мариупол за да го подигне борбениот дух на неговите борци кои учествуваат во нападот на тој голем пристаништен град во југоисточна Украина.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во Мариупол за да го подигне моралот на нашите борци, изјавил Ахмед Дудаев, близок соработник на Кадиров, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.
На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од Кадиров со триесетина вооружени лица во просторија која наводно се наоѓа во Мариупол.
Информациите засега не можат да бидат потврдени од независни извори.
OhridNews