Русија има за цел целосна контрола врз јужна Украина и регионот Донбас со цел да воспостави копнена врска со Крим, изјави денеска висок функционер на руската армија генерал Рустам Минекаев.
Од почетокот на втората фаза на специјалната операција, една од целите на руската армија беше воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина, изјави генералот, пренесува Бета.
Како што наведе, тоа ќе обезбеди копнен коридор до Крим и ќе и нанесе штета на виталната инфраструктура на украинската економија.
Според генералот, втората фаза од, како што ја нарекува – „специјалната операција“, започнала пред два дена.
OhridNews