После 60 години Ана Козолов и нејзиниот сопруг Борис, случајно се сретнаа во нивното родно село Боровланка во Сибир.
Кога Ана го здогледала Борис(80) како излегува од автомобилот си помислила дека очите ја лажат. Уште еднаш погледнала и се уверила дека тоа е човекот за кого се омажила пред повеќе од половина век. Последен пат се виделе три дена после нивната венчавка поради тоа што Борис морал да замине на фронт со Црвената армија. Кога тој се вратил Ана веќе ја немало. Сталиновата војска ја протерала целата нејзина фамилија во егзил во Сибир. Очајниот Борис се обидувал да ја пронајде, но тоа било невозможно.
„Мислев дека ме лажат очите. Кога го здогледав како доаѓа према мене, срцето ке ми пукнеше“ – возбудено раскажува Ана.
Борис се вратил во селото да за да го посети вечниот дом на неговите родители, а Ана нејзината родна куќа.
Кога ја здогледав дека стои пред куќата, потрчав према неа викајќи „Љубов моја, цел живот те чекам, жено моја“ – раскажува Борис.
Цела вечер си раскажувале што им се случувало за времето на нивната одвоеност.
Во меѓувреме мајката на Ана ја присилила да се омажи за друг, а исто така и Борис бил оженет со друга жена. Но цел живот тие мислеле еден на друг. Сега бидејќи и двајцата се вдовци одлучиле повторно да се венчаат.
ohridnews