Името на германскиот супермодел Клаудија Шифер се нашло во центарот на еден скандал, бидејќи рускиот бизнисмен Александар Гаврилов тврдел дека девојчето кое манекенката го родила минатата година е негово, а не дека е од нејзиниот сопруг Метју Вон. Гаврилов предал барање за утврдување на татковство на малата Козима Вајолет, бидејќи како што рекол, сакал да учествува во одгледувањето на девојчето. Рускиот бизнисмен навел дека со славната манекенка минал четири страстни ноќи во еден хотел во Москва, како и дека се запознале преку интернет и дека тој не знаел која е таа всушност, и дека од аферата се родила Козима, третото дете кое Клаудија го добила во бракот со Метју Вон.

Претставникот за медиумите на Клаудија Шифер веќе издал демант во кој таа тврди дека бизнименот не го познава, и дека во прашање се потполни лаги и безмислици. Интересно е тоа што со слична приказна пред неколку месеци бил поврзуван и сопругот на Клаудија Шифер, Метју Вон, кого таблоидите го именувале како татко на детето на актерката Џенуари Џонс, со која соработувал на еден филм, што тој тогаш исто така остро демантирал.