Руски воени авиони влегле во воздушниот простор на Белорусија од правец на Русија и истрелале најмалку пет проектили на територијата на Украина, јави украинската агенција Укринформ.

Агенцијата наведува дека тоа го регистрирала група за набљудување на војната Белоруски Хаџун (Belarusian Hajun).

Се наведува дека руски авиони, вклучително и бомбардери Ту-22М, дошле од Русија, од областа Могилев и летале кон регионот Гомел. Во Лунинец, Столин и други места се слушнале пет експлозии или звуци на ракетирање, по што авионите се вратиле во Русија, наведува украинската агенција.

OhridNews