Руското воено воздухопловство осмислило мобилни храмови кои ги опслужуваат припадниците на новите единици, составени од свештеници падобранци. Станува збор за црква на склопување која зедно со свештеник се спушта со падобран како војниците би можеле да ги следат службите каде и да се наоѓаат. Необичниот храм е опремен со се што е потребно, мала купола, крстови, иконостас и звона.

Иако русите се први кои измислиле десантен храм во воена цел, идејата за мобилни цркви не е нова. Во САД, на пример, постои служба камион-капела, под назив „Транспорт за Христос“, која го пренесува божјиот збор низ патиштата ширум земјата.