Претставникот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков изјави денеска дека вооружените сили на Руската Федерација и самопрогласената „Народна Република Доњецк“ презеле целосна контрола врз стратешкиот град Лиман во источниот дел на Украина.
Изјавата доаѓа откако вчера проруските сили на самопрогласената „Народна Република Доњецк“ соопштија дека воспоставиле целосна контрола врз Лиман.
Украинските и руските сили се бореа неколку дена за контрола врз градот Лиман.
Лиман беше важен железнички центар и пристапна точка до важни железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец. За Лиман утринава на Твитер се огласи и британското Министерство за одбрана, кое соопшти дека градот е окупиран од руските сили.
OhridNews