Руската православна црква која се гради во Париз, ќе има пет куполи, културен центар и голема градина, но делумно ќе го сокрие погледот на Ајфеловата кула. Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, му го претставил на својот француски колега Саркози планот за изградбата на руската соборна црква во Париз, во непосредна близина на Ајфеловата кула која е симбол на Париз.


Иако црквата ќе биде со висина од 27 метри, и не може многу да го сокрие погледот на градбата висока 324 метри, градските власти сепак мораат да бидат сигурни дека црквата ќе се вклопи во својата околина и дека ќе трае, пред да дадат дозвола за изградба. Руските официјални лица во Париз рекле дека изградбата е планирана за 2012 година и дека проектот ќе чини околу 35 милиони евра.