Две лица се уапсени за убиство на политичарот Борис Немцоц, соопшти Федералната служба за безбедност, пренесуваат светските агенции.
Двајцата осомничени потекнуваат од Северен Кавказ и се идентификувани како Анзор Губашев и Заур Дадаев.
Борис Немцов, кој важеше за жесток критичар на Кремељ, инаку поранешен заменик премиер и еден од најистакнатите опозиционери во ерата на владеење на Владимир Путин, беше убиен на 27-ми февруари во Москва. Тој беше погоден со четири куршуми во грб, додека беше во друштво на 23-годишната манекенка од Украина Ана Дурицкаја.
OhridNews