Членовите на руската комунистичка партија од Сан Петерзбург го осудиле новиот филм „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ тврдејќи дека овој филм претставува антисоветска пропаганда и ја изобличува вистината.


Во филмот “Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull” кој го режираше Стивен Спилберг. главната улога ја игра Харисон Форд, кој глуми археолог кој се натпреварува со лошите ахенти на КГБ во потрага по кристалниот череп кој има натприродна моќ.