Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, денеска го ратификуваше договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.
Според документот, доколку една од страните биде подложена на вооружен напад, другата веднаш ќе и пружи воена и друга помош.
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го потпишаа пактот за време на посетата на Путин на Пјонгјанг во јуни.
Русија и Северна Кореја ја зајакнаа соработката од почетокот на војната во Украина, а Јужна Кореја и Украина изјавија дека се подготвува распоредување на севернокорејски трупи за поддршка на руската страна.
OhridNews