Триото “Брамс” како што најави селекторката на музичкиот дел на фестивалот, Гордана Јосифова Неделковска е познато по големиот дискографски проект “Антологија на руското пијано-трио” преку кој ги има снимено сите творби на руските композитори од 19 и 20 век, но досега нема отсвирено ниту едно дело од македонските композитори. Триото го сочинуваат Наталија Рубинштајн на пијано, Кирил Родин на виолончело и Алексеј Толпиго на виолина. За виолончелистот Родин ова втор настап на “Охридско лето ” по музичкиот рецитал со Маја Кастратовиќ.
Музичкиот состав “Брамс” опстојува 20 години и има забелеажно бројни успеси на меѓународни натпревари во Италија и Германија, а е дел и од концертните подиуми ширум светот. За бројните музички проекти добива домашни и странски грантови, а зад дел од нив стои и претседателот на Русија.
Националната култура, Рубинштајн, Родин и Толпиго ја шират и промовираат и преку истоимената фондација што ја оформиле во 1998 год.