Една руска државјанка загина вчера во Будва, откако огромен бран ја повлекол во море додека се шетала по тесната патека која води кон плажата Могрен, соопшти црногорската полиција, пренесува „Макфакс“.

Припадниците на пловната единица на будванската полиција се обиделе да ја спасат Русинката од разбрануваното море, но успеале само да го извлечат безживотното тело.

Покрај полицијата, на Русинката се обиделе да и помогнат и нејзините пријатели, кои биле со неа додека се шетала, но се било залудно, бидејќи жената се удавила во големите бранови.

На местото кадешто настрадала Русинката имало истакнато предупредување дека е забрането шетање поради огромните бранови.

Црногорското приморје, по четири сушни месеци, го зафати силно невреме проследено се силен дожд и ветер.

OhridNews
извор:„Макфакс“