Руските хакери на интернет објавиле доверливи финансиски податоци на 11 познати светски ѕвезди. Хакерите провалиле во сметките на Бијонсе, Џеј Зи, Доналд Трамп, Бритни Спирс, Ким Кардашиан, Парис Хилтон, Ештон Качер и Мел Гибсон.

Во истрагата било вклучено и ФБИ, а освен состојбата на нивните банкарски сметки објавени биле и броевите на личните карти, износите на хипотеките кои ги имаат, состојбата на кредитните картички и многу други детали.