Руските научници од градот Новосибирск направиле вакцина која може двојно да го продолжи животот на пациентот заболен од рак.
Вакцината која помага во борбата против ракот успешно ги мина клиничките тестирања и наскоро би можела да се најде во аптеките низ Русија, пренесува Итар-Тасс.
„Кога се дозира на пациенти во третата и четвртата фаза на болеста рак на простата, дојка и колоректален рак, таквата терапија може значително да им го продолжи животот“, рече Владимир Козлов, шеф на Институтот за клиничка имунологија, што го спроведе истражувањето на вакцината.
Вакцината се добива од дендритичките клетки, кои се имунолошки клетки и кои произведуваат материјали за антигени. Дендритичките клетки на пациентот се вадат од телото и се менуваат со култура од ткивото на туморот, а па повторно се вбризгуваат во пациентот. Тоа предизвикува реакција на имунолошкиот систем, чиј резултат е напад на ќелиите на ракот.
Терапијата во моментот е достапна за пациенти во постоперативна фаза, а руските научници веруваат дека вакцината би можела да го излечи ракот во раната фаза.
OhridNews
извор:„Макфакс“