Поранешниот пејач на популарната група “Police” настапувал пред обожавателите во Москва, а сега мора да се соочи со нападите на локалните комунисти и полицијата. Го обвинуваат дека промовира конзумирање на марихуана и сметаат дека поради тоа мора да биде казнет.


Имено, на неговиот блог пронашле објава во која објаснува зошто би било добро да се легализира марихуаната. Портпаролот на руската полиција  изјавил дека понатамошните концерти на пејачот, кој со своите изјави ги поттикнува фановите на користење илегални дроги, треба да се забранат.