Околу 500 руски туристи ќе ја посетат охридската ривиера ова лето. Од македонско – руското друштво за пријателство најавуваат дека се` поголем е интересот на руските тајкуни за вложување во Македонија, а меѓу заинтересираните бил и газдата на Челзи, Роман Абрамович.
„Охрид најмногу ќе профитира од продлабочување и на така добрите билатераланите врски и односи со Русија. Формирањето на руско – македонските друштва на пријателство ќе придонесе двете држави да ги подобрат своите контакти и на економски план“ вели Јордан Горчев, декан на меѓународниот славјански институт со седиште во Москва.
Горчев најави дека околу 500 туристи од Русија ова лето ќе го посетат Охрид, но и отворање на повеќе производствени погони на руски компании во земјава за што преговорите биле во тек.
Мики Трајковски