Еден од најперспективните руски ракометари, Сергеј Жедик потпиша тригодишен договор со Металург.


Жедик доаѓа од втората екипа на Чеховски Медведи има 23 години, висок е 197 сантиметри, тој на контролните тренинзи во јуни ги задоволил стандардите кои ги има тренерот на Металург, Лино Червар.

„Многу сум среќен што ќе настапувам за екипа што беше апсолутен ракометен хит изминатава сезона во Лигата на шампиони. Во изборот меѓу екипите на Чеховски Медведи и на Металург воопшто не се двоумев, бидејќи задоволство е да се игра за екипа што и оваа година има високи амбиции, каде што се споени младоста, искуството и желбата за напредок. Се надевам дека со мојата игра ќе дадам голем придонес во остварувањето на клупските амбиции“
, изјавил за клупската интернет страница Жедик.

„Макфакс“