Русинот Аркадиј Дворкович доби втор последователен мандат на чело на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
За челното место на ФИДЕ се кандидираа и Украинецот Андриј Баришполетс, Белорусинот Иналбек Шерипов, како и Башар Куати од Франција, кој подоцна ја повлече својата кандидатура.
Од 179 делегати на Конгресот на ФИДЕ, кандидатурата на Дворкович ја поддржаа 159 од нив, додека Украинецот Баришполетс доби 16 гласови.
Портпаролот на Кремљ и претседател на Извршниот одбор на руската шаховска Федерација Дмитриј Песков реизборот на Дворкович го оцени како потврда за неговата ефикасност во работењето, нарекувајќи ја одлуката на мнозинството делегати на ФИДЕ „добра вест“.
OhridNews