Рускиот пливач Кирил Амбросимов и Бразилката Марсела Чуна триумфираа на 0 километарска трка во рамките од ФИНА светската серија 2019 година која денеска за прв пат се одржа во водите на Охридското езеро. Кружната трка во Охрид ги оправда очекувањата благодарание на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) во тесна соработка со ФИНА и Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Амбросимов и Чуна до победата во Охрид стигнаа после неизвесен и спортски тензичен финиш во машка односно женска конкуренција. Русинот во целта за нецела секунда влезе пред францускиот пливач Аксел Рејмонд и за две секунди пред Италијанецот Матео Фруланд. Наш единствен преставник на трката во Охрид беше Евгениј Поп Ацев и финишираше на деветтата позиција. Бразилката, за две односно три секунди подобра беше од италијанките Ракел Бруди односно Аријана Бриди.
- Многу сум среќен за победата. Се водеше тешка и исцрпувачка битка од почетокот од крајот со останатите пливачи и мило ми што успеав прв да ја минам целта. Триумфот во Охрид мотивирачки ќе делува за останатите две трки од серијата што следуваат. – изјави победникот Амбросимов.
Трката на 10 километри во Охрид беше седма во светската серија и до крајот на сезоната преостануваат двете трки во Кина по кои ќе дознае новиот светски првак на 10-километарската делница.
MEN'S 10KM FINISH HIGHLIGHTS – OHRID FINA CNSG MARATHON SWIM WORLD SERIES
Finish highlights of the Men's 10km FINA/CNSG Marathon Swim World Series – Ohrid, Northern Macedonia. 1st Abrosimov (RUS), 2nd Reymond (FRA), 3rd Furlan (ITA), 4th Rasovsky (HUN), 5th Bianchi (ITA), 6th Washburger (GER), 7th Verani (ITA), 8th Schouten (NED), 9th Pop Acev, 10th Savatinov (BUL). Full results & times on Fina.org #msws19 #openwater
Geplaatst door FINA op Woensdag 28 augustus 2019
Резултати:
Машки.
1. Кирил Амбросимов (Русија) – 2 часа, 21 секунда и 8 стотинки
2. Аксел Рејмонд (Франција) – 2 часа, 21 секунда и 9 стотинки
3. Матео Фруланд (Италија) – 2 часа, 23 секунди
Женски
1. Марсела Чуна (Бразил) – 2 часа, 11 минути, 38 секунди
2. Ракел Бруни (Италија) – 2 часа, 11 минути и 40 секунди
3. Аријана Бриди (Италија) – 2 часа, 11, минути 41 секунда
OhridNews