Жените во Русија, Белорусија и Казахстан излегле на улиците да изразат незадоволство поради забраната за увоз на долна облека која содржи помалку од шест проценти памук, тврдејќи дека таквата одлука е уште еден резултат на погрешната политика во постсоветските земји. Новиот закон ќе стапи на сила на 1 јули. а резултата на таквата одлука ќе биде отстранување на 90 проценти од продаваната долна облека од полиците во трите земји. Алиса Сапардиева, сопственичка на продавница за долна облека во Москва, рекла дека чипканата долна облека практично исчезнала од полиците.
Во саботата 20 жени биле уапсени носејќи чипкани гаќички на своите глави и ивикувајќи „Слобода за гаќичките“. Протестантките тврдат дека државата се меша во нивните приватни животи. Во образложението на законот се тврди дека цел е заштита на корисниците од производи со лош квалитет, па законот предвидува забрана за увоз и продажба на долна облека направена од лош материјал, вклучувајќи синтетичка чипка. Жителка на Москва која има 22 години вели дека според нејзиното мислење. девојките и понатаму ќе носат чипка, без оглед на тоа дали ќе се продава во Русија. Според неа овој глупав закон само покажува колку владата е неефикасна. Додала дека повеќето нејзини пријателки патуваат во странство заради купување.